
Брегалница минимално го доби Кожуф со 1:0 со голот на Давид Стојков во меч кој го следевте на М Нет телевизија со што „сините“ на Трајче Сенев остануваат на врвот од табелата пред репрезентативната пауза.
Кожуф имаше свои шанси кои не ги реализираше, но како што вели фудбалерот на Кожуф, Александар Ѓорѓиески одиграле одличен меч и веќе на следниот натпревар одат на три бодови.
Македонија ЃП го доби Осогово со 2:0 со што „лавовите“ сега се на второто место со 16 бодови, а толку бодови има и Башкими кој е трет а славеше со 3:1 над Победа. Арсими е на 4. место со 15 бодови откако со 3:0 славеше над Вардарски.
Кожуф е петти со 12 бодови, колку што има и Детонит Плачковица, кој пак одигра 11 со Вардар Неготино на домашен терен.
Новаци и Охрид го делат седмото место со по 10 бодови, а токму овие две екипи овој викенд играа меѓусебно со што Охрид беше подобар со 3:1.
Саса е девета со девет бодови откако одигра 2:2 со Беласица, а пак Скопје е десетти со осум бодови. откако одигра исто така 2:2 со Борец во Велес. Беласица и понатаму нема триумф, со шест бодови е на 11-тото место, а пак Вардар Неготино и Осогово го делат 12-тото место со пет бодови.
Победа е во бараж зоната односно на 14-тото место со четири бодови, а толку бодови има Борец е кој во опасната зона за директно испаѓање како претпоследен, а на дното е Вардарски со два бодови и заедно со Беласица се единствените екипи кои немаат победи во новата сезона.
Александар Ванев, М-Нет