Големи успеси и многу медали за КК Штип Меѓународен турнир во Скопје, тројца каратистите заминаа на СП во Италија

Карате клубот Штип изминатата сабота зеде учество на Меѓународниот меморијален турнирот „Никола Грдановски – Нике“ од каде се врати со големи резултати, многу медали и пехари.

Тренерот Жарко Арсовски е задоволен од постигнатите резултати со над десет први места.

На турнирот во Скопје, каратистката Мила Панчева настапуваше во сениорска конкуренција и во апсолутна категорија, а штипската каратиска освои први места.

Панчева вели дека не била слаба конкуренцијата на турнирот во Скопје, а со каратето е активна веќе десет години.

Кадетите и јуниорите на КК Штип отпатуваа на Светско првенство во Италија, во среда, четврток и петок ги очекуваат борбите на СП во Венеција, а Арсовски очекува да се вратат со одлични резултати.

Со одлична работа и многу труд каратистите на КК Штип бележат одлични резултати како дома, така и во странство.

Александар Ванев, М-Нет