
Се уредува паркинг простоторт на улицата „Широк дол“ во населбата Автокоманда во Штип. Просторот меѓу станбените згради ќе биде приспособен за паркирање на возилата на овдешните жители. Ова е по барање на граѓаните, се поставија павер елементи, а потоа паркингот ќе биде целосно осветлен. Во наредниот период ќе се работи и на двата влеза.
„Моментално се работи на улицата „Широк дол“ на еден простор меѓу станбени, кој одлучивме да се уреди како паркинг површина. Сега се уредува со павер елементи, а веднаш потоа ќе биде целосно осветлен, соодветно сигнализиран, за да користи за паркираење на возила на овдешните жители. Во рамки на проектот за уредуување на оваа улица се предвидени уште два влеза кој во текот на наредните недели ќе бидат истретирани“ – вели Јорданов.
Во меѓувреме се работи и на промена на вдоводната линија на улицата „4 Јули“ во истата населба, а тенденција е реконструкција да има и на улицата „Цвета Јованова“. Со овие активности целосно ќе биде завршена и уредена штипска Автокоманда.
„Населбата Автокоманда ќе биде заокружена со тоа што веќе се навлезени екеипи на ЈП Исар за промена на водоводната линија на улица „4 јули“. Штом се заврши промената на водоводната линија на оваа улица која е во рамки на населбата Автокоманда ќе се асфалтира истата улица и она кое ќе ни остане за во иднина е улицата „Цвета Јованова“. Со тоа сите улици во оваа населба ќе бидат целосно завршени“ – додаде Јорданов.
Јорданов во оваа прилика истакна дека е задоволен од сработеното на терен во изминатиот период. Вели за кратко време населбата доби сосем нов и поинаков лик.
Лаура Стојанова М-Нет