
По осум одиграни кола во Втората лига и натаму водечки екипи остануваат Брегалница и Шкендија Арачиново со по 20 бодови, со тоа што штипјани се први поради подобрата гол разлика.
Овие две екипи направија мало одвојување во однос на третата позиција каде е Беласица со 16 бодови, а пак Охрид е четврти со 15 освоени бодови. Со по 14 бодови Скопје и Детонти Плачковица го делат петтото место, а веднаш потоа следува три екипи кои се израмнети со по 13 бодови. Кожуф, Осогово и Новаци се позиционирани на седмото, осмото односно деветтото место на табелата.
Во бараж зоната се екипи на Каменица Саса со десет бодови како десетто пласирана и Варрдар Неготино кој има девет бодови и се наоѓа на 11-тото место.
Во зоната за директно испаѓање нема промени. Тетекс и Победа имаат по седум бодови, а на самото дно се Слога Виница, Преспа и Големо Коњари со по три бодови.
Екипите на Преспа и Слога Виница се во длабоки резултатски кризи со пет порази на последните пет одиграни натпревари, но дополнително тимот од Виница кој има квалитетен ростер и натаму е во длабока резултатска криза и никако да излезе од истата, а најмногу проблем прави што тимот губи и од конкурентите за опстанок. Во претходното коло тимот од Виница загуби во Прилеп од Победа, директен конкурент на Слога за опстанок.
Колку за потсетување последни пет екипи директно испаѓаат во Трета лига, а пак екипите од 11-тото до 9-тото место играат бараж за опстанок, а долните три екипи веќе имаат десет бодови негатива од осмата позиција која гарантира директен опстанок.
Александар Ванев, М-Н