Второлигашот Осогово со признание за Тренчев и Јованоски кои забележаа 100 настапи за клубот од Кочани

ФОТО: ГФК Осогово

Второлигашот Осогово со мала свеченост им доделени врамени фотографии со бројот 100 и пригодни подароци од управата на нивните двајца фудбалери, голманот Ѓорѓи Јованоски и младиот Стојанче Тренчев, кои неодамна забележаа сто официјални настапи за клубот од Кочани.

Малата свеченост беше организирана пред натпреварот од осмото коло на Втората лига, кој меч го следевте на М Нет телевизија во живо, а на кој Осогово забележа победа од 3:1 над Беласица.

Младиот Тренчев има 21 година и целата кариера ја помина во дресот на Осогово, во додека пак Јованоски кој има 29-години во својата кариера има настапуваон за Слога Виница, Победа, Големо Коњари, Беласица, 11-ти Октомври кој е негов матичен клуб, како и за Осогово.

Јованоски голот на Осогово го чува во негов втор престој во Кочани, првиот пат го носеше дресот на „жетварите“ во период од август 2018 до октомври 2019 година кога се пресели во Слога Виница, а неговиот втор престој во Кочани започна во јули 2023.

Осогово уште еднаш покажа дека ги цени своите фудбалери кои се лојални и ги бранат боите на клубот од Кочани.

Александар Ванев, М-Нет