
Источното дерби во Втората Македонска фудбалска лига во Штип заврши мириљубиво со поделба на пленот, односно Брегалница – Тиквеш 1:1. Согореа штипските сини во желбата да избегаат цели 8 бодови од својот конкурент и во таков стил заврши првото полувреме без голови 0:0 само со по една би рекле сто постотна шанса и за Брегалница и за Тиквеш. Само што почна второто полувреме по брзата и енергична акција на Бакрачевскии и Додев, Мартин Стојанов донесе водство на Брегалница од 1:0 во 47 м. . По еден непоребен прекршок 4 м. подоцна Тиквеш израмни на 1:1 со гол од слободен удар на Ѓорги Мојсов во 52 м. . Потоа се играше на котра напади со опасни ситуации по двајцата голмани кои сепак успеаја да ја зачуваат својата мрежа. Тиквеш можеше да си отиде со сите 3 бода ако стативата не беше спјузник на Брегалница, откако шутираше Гроздановски во 74 м. Се чини и двете екипи на крајот беа задоволни од резултатот по кој Брегалница остана на 5 бодови разлика од Тиквеш.Еве ги комплетните резултати од денешното 14 коло:
- Кит Го Пехчево – Каменица Саса 0:0
- Росоман – Плачковица 0:1
- Победа – Кожув 1:2
- Слога – Осогово 3:0
- Брегалница – Тиквеш 1:1
ТАБЕЛА
- Брегалница 36
- Тиквеш 31
- Кожув 22
- Слога 20
- Кит Го 19
- Каменица С 16
- Победа 13
- Осогово 13
- Плачковица 10
- Росоман 8
Драги Герасимов – Пушка Mnet.mk