Брегалница и со реми е на врвот во Втората лига, густо во горниот дел од табелата, густо и на дното!

Шестата рунда од Втората лига донесе интересни резултати кои направија да биде доста густо во горниот дел од табелата, но и во долниот дел од истата.

Дербито на колото меѓу Кожуф и Детонит Плачковица заврши без победик и без погодоци (0:0), за што и двете екипи може да жалат за ваквиот резултат.

Кожуф е на 4. место на табелата со 12 бодови, само два бода помалку од лидерот Брегалница, а овие две екипи силите ќе ги одмерат во недела во рамки на 7. коло.

Македонија ЃП по службено загубениот меч од Новаци сега е на второто место откако славеше над Вардарски со 0:2, меч кој можевте да го следите на М Нет Спорт. Лавовите се втори со 13 бодови, бод помалку од штипјани.

Башкими со 0:1 славеше над Вардар Неготино во Струмица со што кумановскиот второлигаш е трет со 13 бодови, колку што има и Македонија ЃП. Арсими е на петтото место откако загуби од Саса со 2:1, а има ист број на бодови како и Кожуф односно 12.

Детонит Плачковица е на шесттото место откако освои само бод од Гевглија со 11 бодови на своето конто.

Детонит на послените пет меча има три победи и две ремија во Втората лига.

Новаци е седми со 10 бодови откако одигра нула против Беласица, Саса со триумфот над Арсими има осум бодови и е осма, Скопје е деветти со седум бодови откако ремизираше со Брегалница играјќи 0:0, а се дум бодови има и Охрид кој е десетти а триумфираше над Победа со 0:1.

Беласица е без триумф во новата сезона и се наоѓа на 11-тото место со пет бодови, колку што има и Осогово кој е место подолу, а жетварите славеа над Борец со 1:0

Победа е на 13-тото место со четири бодови, Вардар Неготино има ист број на бодови но се наоѓа во бараж зоната, Борец е претпоследен со три бодови, а Вардарски е на дното со само два бода.

Александар Ванев, М-Нет