Брегалница загуби од Вихрен, Гостивар подобар од Детонит Плачковица, триумф за Саса и Беласица

ФОТО: Александар Ванев | Телевизија М Нет

Продолжуваат пријателските натпревари преку кои македонските прволигаши и второлигаши ја темпираат формата за новата натпреварувачка сезона.

Штипска Брегалница во Сандански, Бугарија одигра меѓународен пријателски меч со третолигашот Вихрен, каде „сините“ на Трајче Сенев беа поразени со резултат од 2:1.

Костов во 38. минута го отвори, а седум минути подоцна штипјани израмнија на 1:1 преку Глигоров. Во вториот дел Тодоров ги постави конечните 2:1 за триумф на бугарскиот третолигаш.

Прволигашот Гостивар со 2:1 го доби второлигашот Детонит Плачковица од Радовиш на тестот кој се одигра на „Борис Трајковски“ во скопско Маџари. Стрелци за прволигашот беа Алпер и Нијаз.

Беласица со 2:1 славеше над Вардр Неготино на тестот одигран во Струмица. За струмичани погодија Љумовиќ и Најденов, а пак за второлигашот од Неготино единствен стрелец беше Павлески.

Каменица Саса со минимални 0:1 славеше на пријателски натпревар против третолигашот Слога од Виница, а меч кој се одигра на Градскиот стадион во Виница. Единствен стрелец на мечот беше Михаил Кузмановски, а погодокот падна во вториот дел од мечот.

Викендот следуваат нови пријателски натпревари.

Александар Ванев, М-Нет