Брегалница е осма во Младинската Суперлига, Брера Струмица е есенски шампион!

Брера Струмица е есенски шампион во Младинската Суперлига со 26 бодови на своето конто и учинок од осум победи, две ремија и еден пораз. Со најдобар напад кој реализирал 38 голови и шест примени погодоци со што струмичкиот тим ја има и најдобрата одбрана во лигата.

Работнички е втор со 23 бодови, а пак Пелистер е трет со 20 бодови и овие две екипи се најблиску до струмичкиот есенски шампион.

Тимот на Македонија ЃП есенскиот дел го финишираше на 4. место со 18 бодови, а пак Шкендија, Вардар и Охрид имаат по 17 бодови за делба на петтото место. Брегалица од Штип есенскиот дел во Младинската Суперлига го заврши на делба на осмото место заедно со екипата на Шкупи со по 14 бодови.
Њу Старс заврши на 10. место со 11 бодови, претпоследна е Беласица со осум бодови, а на последното место е прилепска Победа без бодови.

Најдобри стрелци со по десет погодоци се Бранимир Иванов од Брегалница, Веби Ислами од Шкендија и Ѓоко Спасов од Брера Струмица.

Александар Ванев, М-Нет