Брегалница дербито со Скопје ќе го игра под рефлектори на Градскиот стадион во Штип.

Дербито од осмото коло на Втората македонска фудбалска лига меѓу Брегалница и Скопје ќе се одигра под рефлектори на Градскиот стадион во Штип, дознава М Нет телевизија од свои извори во клубот.

Во вечерен термин ќе биде големото соочување за трите бодови на две екипи кои претендираат за влез во Првата лига.

По подолго време Брегалница ќе одигра официјален натпревар под рефлектори на стадионот во Штип, а повеќе од сигурно е дека ваквата атмосфера за еден ваков дерби натпревар ќе го наполни штипскиот стадион со публика и навивачи кои ќе ја бодрат домашната Брегалница која ќе бара триумф со цел да го сочува врвот од табелата.

Претходно, на Градскиот стадион во Штип се одигра пријателски натпревар на ветераните на Брегалница и Црвена Ѕвезда под рефлектори на стадионот во Штип, а полниот стадион беше потврда дека штипјани сакаат натпревари во вечерен термин на нивниот миленик кој игра одлична сезона во Втората лига на чело со искусниот стратег Влатко Костов и сигурно е дека и против Скопје екипата на Брегланица ќе има силна поддршка.

Овој дерби меч кој ќе се игра сабота од 18 часот во живо ќе можете да го следите на М Нет телевизија.

Александар Ванев, М-Нет