
Шестото коло на ракометната Суперлига донесе сигурни победи за фаворитите, откако Вардар славеше на гостување кај Радовиш во меч кој заврши со резултат од 27:33.
Одлично издание на радовишани против комбинираниот тим на Вардар, а најдобар стрелец кај Радовиш беше Бобан Каковски со седум погодоци, а пак Здравко Постолов имаше шест гола. Кај Вардар речиси сите постигнаа погодоци, а со пет се одвои Урош Митровиќ.
Со осум погодоци на Мартин Серафимов екипата на Алкалоид без проблеми славеше на гостување кај Куманово со убедливи 21:35, додека пак шампионот Еурофарм Пелистер со 33:27 го доби Охрид на домашен терне.
За битолчани Богдан Радивојевиќ имаше девет погодоци, а пак седум од седум имаше Дејан Манасков, а за Охрид Дарко Дукиќ имаше шест од шест.
Тиквеш стигна до своето второ сезонско славје откако го доби Еурофамр Пелистер 2 во Битола со 17:23. Прилеп се врати на победите откако дома ја доби Струга со 34:27.
Денис Шабановиќ имаше шест погодоци, а пак Александар Тренчевски погоди пет пати. За стружани Наум Костов имаше осум погодоци, а пак Филип Мечкароски имаше седум.
Колото се комплетира вечерва со натпреварот меѓу Бутел и Пролет во скопско дерби.
Александар Ванев, М-Нет