Брегалница го врати младинскиот репрезентативен голман Кире Новаков од Триглав

Брегалница продолжува со засилувањата за новата сезона од Првата македонска фудбалска лига. По Дикенс од Панама, Венегас од Костарика, голманот Давков, десниот бек Јованов, најново засилување е младинскиот репрезентативен голман Кире Новаков.

19-годишниот Новаков, кој е член на репрезентацијата на Македонија до 19 години, потекнува од Брегалница, но, на 14 годишна возраст се сели во младинската академија на Крањ во Словенија од каде потоа продолжува во Тргиглав Крањ. Сега повторно се враќа во синиот дрес.