
Денес во Лозово се одржа традиционалниот пеливански турнир во пеливанство, спортски настан кој беше проследен од голем број на публика, која уживаше во одличните борби. Настанот привлече бројни љубители на овој спорт кој како спорт е близок до борењето слободен стил, а борбите понудија вистинска спортска драма и пожртвуваност на теренот.
Во силна конкуренција на борци од различни делови на земјата, посебно се истакнаа борачите на Бобан Данов, браќата Фадил и Џан Назифов, кои го освоија првото и второто место на турнирот.
Фадил Назифов беше неприкосновен на патот до златниот медал, прикажувајќи сила, техника и борбен дух, кои го издвоија како најдобар на турнирот. Неговиот брат, Џан Назифов, исто така имаше одличен настап, стигнувајќи до финалето и освојувајќи го второто место, со што ја заокружи семејната доминација на овој спортски настан.
Турнирот помина во фер и спортска атмосфера, со голема поддршка од публиката и почит кон традицијата на пеливанското борење. Организаторите изразија задоволство од текот на натпреварите и најавија дека ваквите настани ќе продолжат да се одржуваат и во иднина, со цел зачувување и промоција на овој автентичен спорт.
