
Затнат нос, кашлица, кивање и температура – амбулантите во Штип се преполни. Бројот на заболени нагло расте. Лекарите предупредуваат, вирусот е насекаде. Променливото време денес топло, утре дожд и студ, дополнително ја влошува состојбата. Освен респираторните симптоми, се почесто се јавуваат и стомачни тегоби, како течни столици, болки и грчеви.
,,Периодов имаме зголем број на пациенти со горно респираторни симптоми, кашлање, температура, затнат нос. Ова се должи пред се на надворше ните влијанија на температурата, долждливото време. Знаевме дека пред неколку дена имавме повисоки температури кои што не беа вообичаени за овој период, меѓутоа последната недела температурите имаа пад со дождови и сетоа тоа придонесува да имаат негативно дејство врз организмот, кои што доминираат со симптомите, меѓутоа не само овие што ги набројав, туку се појавуваат и симптоми на гастроинтестиналниот трак со течни столици, болки во стомакот и грчеви.“, вели Митрова
Лекувањето дома, најмногу да трае три дена предупреди д-р Митрова од Штип. Кога се во прашање хронично болните лица, тие треба веднаш да се јават кај својот матичен лекар, се со цел да не се влоши ситуацијата.
,,Најчесто пациентите пробуваат своите симптоми да ги намалат со она што го имаат во својата домашна аптека, меѓутоа ако симптомите не се подобрат до три дена, треба да посетат лекар и да добија соодветна терапија. Ова е за лицата што имаат добро здравје, меѓутоа пациентите кои што имаат хронични заболувања, би требало веднаш да се јават кај својот матичен лекар за да добијаат соодветна терпаија. Голем број од овие предизвикувачи се вирусните инфекции, така да кај поголем број не се препорачуваат антибиотски терапии, освен ако лабораториските испитувања што ќе ги направи лекарот не обие поинакви резултати. Витамини, лекови што ја симнуваат температурата, лекови за намалена кашлица, и многу витамини.“, додава Митрова
Инаку, на овие временски промени, лекарите апелираат граѓаните да бидат внимателни. Да внесуваат многу витамини, течности да подготвуваат супи. Да се консумира зеленчук и овошје, кој претходно треба добро да се измијат. Доколку има течни столници потребно е препорака од лекар.
Иван Митев, М-Нет