
Зголемен број на патници, намален криминал, зголемен процент на запленета дрвена маса – дополнителниот заменик министер за внатрешни работи, Митко Бојмацалиев, денеска беше на терен на македонско – бугарската граница при што оствари работна средба со раководствата на Регионалниот центар за гранични работи ИСТОК и Полициска станица за граничен премин и граничен надзор „Делчево”
„Од состанокот сум информиран дека она ниво на РЦ Истток имаме зголемување на патниците за 11%, имаме намалување на криминалот за 25%, имаме зголемување во акцијата „гора“ за 100% или за 41,4% во заплена на дрвена маса. Исто така, имаме намалување на бројот на откриени лажни документи со што потврдуваме дека граничните премини се опремени со опрема за детектирање на лажно документи.„ – вели Бојмацалиев.
Дополнително, границите се безбедни, а македонската полиција попремена посочи Бојмацалиев. Вели дека има специјални возила за надзор на границата, како и мобилни уреди за 24 часовно снимање.
„Имаме специјални возила за надзор на границата, имаме и термални камери за дневно и ноќно набљудување како и мобилни уреди за 24 снимање на преминот. Со ова се потврдува дека границите се безбедни, а македонската полиција опремена“ – додава Бојмацалиев.
Бојмацалиев додаде и дека се очекува и пристигнување на осум дрона за надзор со што сериозно ќе се унапреди граничната безбедност.
Лаура Стојанова М-Нет