Денес во посета на Кочани беше министерот за транспорт и врски Благој Бочварски кој изврши увид на реконструкција на локалната улица „Борис Трајковкси“. Отаму посочуваат дека истата е многу важна артерија за градот која е инестирана од страна на министерството за транспорт и врски, за локалниот развој на Општина Кочани.
„Извршивме увид во реконструкција на локалната улица „Борис Трајковски“ која претставува значајна артерија за градот, истата е финансирана и подржана од страна на централната влада од министерството за транспорт и врски, за граѓаните на Општина Кочани.Многу ми е драго дека оваа локална улица веќе се реализира која беше во доста голема руинирана состојба. Денеска во оваа улица се инвестираат 12 милиони денари.“ – изјави Бочварски

Велат дека за реконструкција на улицата „Борис Трајковски“ се издвоени 12 милиони денари. Во следниот период ќе се продолжи со реконструкција на улицата „Гоце Делчев“ во која ќе се инвестирааат 15 милиони денари, децидни дека ја даваат подршката и го враќаат сјајот на Истокот.
„Веднаш потоа продолжуваме со реконструквија на другата страна на улицата „Гоце Делчев“ во која што ќе инвестираме околу 15 милиони денари. Оваа само покажува дека централната власт дава подршка во источниот регион, и го враќа сјајот на целиот исток. Ова можеме да го поткрепиме со многу досегашни прокети кои досега се реализирани и завршени. Тоа се експресниот пат од Штип-Кочани со истиот целосно ја променивме сликата на регионот.“ – додава Бочварски.
Бочварски вели дека ова централна власт дала силен фокус во развојот и инфраструктурата во Источниот регион. Во овој мандат е завршена и реконструкција на патниот правец до Пониква, реконструкција на 15 мостови од Кочани до Делчево, обиколницата на Кочани. Претходно вакви локални патишта биле реконструрани на локалните улици „Теодосија Паунов“„Гошо Викентиев“ и „Раде Кратовче“.
Лаура Стојнова, М-Нет