
Увид во градежните активности во Блок 77 и Каваклија денеска изврши Министерот за Транспорт и врски, Благој Бочварски. Имено, во овој дел од град Штип започна проектот за изградба на водоснабдителен систем кој е од големо значање за граѓаните.
Инвестицијата е обезбедена преку Министерството за транспорт и врски во висина од 8,7 милиони денари. Предвидена е изградба на водоводна мрежа во должина од 2,7 километри и резервоар.
„Жителите на Блок 77 и Каваклија конечно добиваат квалитетна вода за пиење. Особено ми е драго што проектот кој го работиме преку Министерството за транспорт и врски е во завршна фаза и се изгради во најбрз можен рок. Со ова го подигнуваме квалитетот на живот на населението во овој дел од градот и уверувам дека ќе продолжиме со поддршката на општините преку разни програми од Министерството и централната власт, со цел да обезбедиме подобри услови за живеење онаму каде што има потреба.“ – изјави министерот Бочварски.
За овој проект пред две недели и градоначалникот на Општина Штип, Иван Јорданов излезе на терен и сублимираше дека водоводна лија овие граѓани ќе добијат за најмногу два месеца. Потоа преку реакција од страна на Министерството за транспорт и врски се посочи дека проектот е нивен и средствата се обезбедени од нивна страна.
Инаку, денешната посета на Штип, Бочварски ја искористи и присуствуваше на настанот на кој се одбележа 15 години од постоењето на Универзитетот Гоце Делчев.
Лаура Стојанова М-Нет