Бочварски и Илијев на увид, се врши реконструкција на улици во Кочани

Се врши реконструкција на неколку улици во Кочани во соработка на локалната самоуправа со централната власт, финансиски поддржано од Министерството за транспорт и врски. Министерот за транспорт и врски, Благој Бочварски и Градоначалникот на Општина Кочани, Николчо Илиев, извршија увид на дел од булеварот „Теодосија Паунов“.

„Денеска со градоначалникот потпишавме договор за имплементација, рехабилитација на улицата „Теодосија Паунов“ како дел од проектот на Министерството за транспорт и врски за реконструкција на локалните улици и патишта во општините“ – истакна Благој Бочварски, Министер за транспорт и врски.

Министерот за транспорт и врски изјави дека реконструкцијата на улиците и изградбата на кружни текови е едно модерно булеварско решение со што ќе се овозможи сигурност и безбедност во сообраќајот. Тој потенцираше дека условите за живот на граѓаните ќе се подобрат само успешна соработка помеѓу општините и надлежното Министерство и најавува и понатамошни проекти.

„Очекуваме наскоро односно во наредниот период да започне реконструкција на двете улици кои се веќе добиени по повик, тоа е улицата „Раде Картовче“ и улицата „Гошо Викентиев““ – додаде Николчо Илијев, Градоначалник на Општина Кочани

Илиев истакна на потребата од  реконструкција токму на овие улици, кои се едни од најстарите, а токму пристојни улици се она што им е потребно на граѓаните. Според Бочварски, пак, ова е начин за брз стимул и развој на целиот регион.

Лаура Стојанова М-Нет