Борче Серафимовски, кандидатот за министер на земјоделие во посета на сточарите во Делчево

Денеска во Делчево на средба со сточарите беше државниот секретар за земјоделие и кандидат за нов министер за земјоделие Борче Серафимовски од редовите на движењето ЗНАМ. На средбата се разговараше за проблемите на сточарите од овој регион и беше договорено да продолжи откупот на млеко и да се преговара да се врати старата цена на млекото. Договорена беше идна соработка доколку биде избран за нов министер за земјоделие.

„Значи немав можност да го посетам Делчево, но тоа планирам да го направам во иднина. Значи, денеска имаше нашиот кандидат за министер средба со група на сточари во Делчево на која што се поразговараше за поголем број на отворени теми моѓу кој е иглавната тема а тоа е откупот , цената на откупот на млекото и веќе се превземене одредени активности каде што со одредени владини интервенции ќе се регулира увозот на млеко во прав. Ќе се изврши поголема контрола кај производителите на млечните производи кои многу често знаат да го декларираат мелкото како млеко со природно потекло или органско, а всушност да пакуваат млеко во прав што ја дестбилизира цената на пазарот.“- Изјави Максим Димитриевски, одговарајќи на новинарско прашање за М-Нет ТВ

„Сметам дека ќе го надминеме заедно во соработка со поголем број на институции овој проблем со намалување на квотите на увозот на млечните производи или конкретно млекото во прав. Мислам дека самата средба на која што присуствувал и мојот колега градоначалник на Делчево е отценета од страна на сточарите како позитивна.“-Додаде Димитриевски

Проблемот со сточарите од Делчево, Пехчево и Берово настана кога две поголеми млекари најавија дека ќе го прекинат откупот на млекото од 1 јули.

Дајана Сандева, М-Нет