Борачите на Балканец од Штип со 12 медали на Балканското првенство во Скопје

Борачи на Балканец од Штип во период од 3. до 6. октомври земаа учество на Балканското првенство во Скопје, од каде се вратија со 12 освоени медали.

Во категорија пионери односно У-15 Лука Ананиев до 38 кг го освои второто место и сребрениот медал, Андреј Мишев беше трет до 41 килограм со бронзен медал, Зоран Шоров освои трето место и бронзен медал до 68 кг, а пак Бојана Ковачова до 50 килограми се закити со бронзен медал.

Во екипите пласман во машка и женска конкуренција македонската репрезентација го освои третото место.

Во кадети односно У-17 Андреј Мишев до 45 килограми освои трето место и бронзен медал, Мусај Бислими до 48 килограми стигна до сребро, Мелани Митевска до 61 кг за брозен медал односно трето место.

Во екипен пласман во машка и женска конкуренција македонската репрезентација го осви третото место.

Во младинци односно У-20 до 61 кг Стефан Стојков стигна до бронза, Дамјан Смилков до 86 кг освои сребро, Теодор Георгиев до 125 кг се закити со златен медал, откако го освои првото место.

Марија Цветанова до 57 килограми го освои второ место и сребрениот медал, а пак Мелани Митевска имаше сребрен медал односно второ место до 68 кг.

Во екипите пласман во машка конкуренција македонската репрезентација го осви првото место, додека пак во женска конкуренција го осови третото место. ж

Одлични резултати за БК Балканец од Штип со многу медали од Балканското првенство кое се одржуваше во Скопје.

Александар Ванев, М-Нет