Боксерите на Пинк Пантер од Штип ќе учествуваат на силен турнир во Словенија – подготвени за освојување медали!

Боксерите на боксерскиот клуб Пинк Пантер од Штип овој викенд ќе земаат учество на силен меѓународен турнир во Словенија, откако претходниот викенд имаа успешен настап на меѓународниот турнир „Железна ракавица“ во Ниш, Србија.

Штипските боксери во Ниш забележаа одлични резултати со учество на четири боксери. Зулфиќар Бајрам освои златен медал, додека пак тројцата боксери Езел Шабан, Марко Чурлиновски и Александар Панов, иако загубија сепак покажаа одлични борби, а тренерот Петре Чурлиновски за М Нет телевизија истакна дека е задоволен од настапот и дека има простор за напредок.

Боксерите на Чурлиновски се подготвуваат за настап на силен турнир во Словенија, кој ќе се одржи викендот на 6 и 7 декември.

Пинк Пантер е подготвен за освојување на медали и на турнирот во Словенија, каде тренерот Чурлиновски очекува одлични резултати.

Александар Ванев, М-Нет