Боксерите на Пинк Пантер од Штип подготвени за новата сезона на „Опен Балкан“ – штипјани заминуваат за Србија!

Боксерите на боксерскиот клуб Пинк Пантер од Штип подготвени утре ќе ја започна новата сезона 2025/2026 од Меѓунарното натпреварување „Опен Балкан“.

Веќе утре, сабота, во Прокупље, Србија, ќе се одржи првото коло од оваа меѓунардно натпреварување. Пинк Пантер предводен од искусниот селектор Петар Чурлинов, ќе настапи со шест боксери од пријавени осум.

Во катерорија до 44 килограми ќе настапи Марко Чурлиновски, во категорија до 52 килограми ќе настапи Кристијан Штрков. Во конкуренција до 57 килограмие ќе настапи Владимир Скендеровски, како и Иса Бајрам. Во категорија до 60 килограми ќе настапат Ненад Наков и Бајрам Зулфикар.

Пинк Пантер во рамки на првото коло на „Опен Балкан“ во Прокупље ќе настапи со најголем број на учесници како екипи, а како што вели искусниот Чурлинов за М Нет, Пинк Пантер е подготвен за настап и да ја започнат трката за првото водечко место.

Александар Ванев, М-Нет