
Второлигашот Кожуф во самиот финиш на преодниот рок се засили со искусниот Николче Шаркоски, со што тимот на штипскиот тренер Иван Варадиновски добива на квалитет.
31-годишниот фудбалер последно настапуваше за прволигашот Вардар со кој го освои Купот на Македонија, а претходно во неговата кариера беше дел од Воска Спорт, Работнички, Брера Струмица, прилепска Победа и 11-ти Октомври.
Се работи за искусен офанзивец кој во Првата македонска фудбалска лига има забележано 215 натпревари има постигнато 27 погодоци, а притоа забележа 22 асистенции.
Дебито на Шаркоски ќе биде утре во Македонска Каменица против Каменица Саса во меч од 3. коло на Втората лига.
Тимот на Варадиновски новата сезона ја отвори со реми во Штип против Брегалница од 0:0, а пак во рамки на второто коло на домашен терен со сигурни 2:0 го доби Новаци и на своето конто има четири бодови.
Александар Ванев, М-Нет