Богатинов: Неблагодарно е да протестираат земјоделците од Крупиште, вода во нивите има

Неблагодарно е да протестираат земјоделците од Крупиште, иако има рестрикции нивните ниви не се загрозени и вода има дециден е раководителот на водостопанската подржуница Брегалница Кочани, по денешниот протест на земјоделците од Крупиште. Вели дека за разлика од овчеполе каде навистина проблемот постоел, но денеска вода е пуштено, во Крупиште ситуацијата е сосем поинаква.

„Во врска со протестот во Свети Николе донекаде е оправдан, ама со протестот во Крупиште и Балван не е оправдано. Оти мислат дека водата е нивна во Свети Николе вода нема. Има рестрикции правено, значи нон стоп не може да тече водата. Нивните површини не се загрозени, тие по еднаш имаат наводнувано. “ – вели Богатинов.

Богатинов посочува дека не бил запознаен со проблемот во Крупиште оти претходно од него не пристигнале никакви барања. Додава дека е достапен за земјоделците да седнат и да најдат заедничко решение.

„Јас сум слободен, нека дојдат во просториите може и во Кочани и во Свети Николе. За сите проблеми сум на располагање. Јас и не бев запознаен со овој проблем“ – вели Богатинов.

Во врска со каналите и меѓите состојбата не е идеална ама истите се чистени велат од водостопанската кочанска подружница. Согласно условите се работело на терен.

Инаку, денеска протестираа жителите од Крупиште, откако вчера на улица својот револт го искажаа земјоделците од овчеполско.

Лаура Стојанова М-Нет