
Во Пробиштип в четврток наутро ќе се врши авионско прскање против комарци, а навечер прскање од земја. Како што стои во соопштението од Општина Пробиштип, акцент ќе биде ставен на Пробиштип и Злетово, а ќе бидат опфатени и местата долж течението на река Киселица од Приградска населба Пробиштип по патот кон с. Плешенци, долж течението на Маричанска река и двете јаловишни депонии. Ќе бидат опфатени и сите поголеми населени места.
„Истиот ден (27.07.2023 година, четврток) во периодот од 22 часот до раните утрински часови наредниот ден (петок) на територијата на општина Пробиштип ќе се изврши четврто адултицидно третирање (прскање од земја) против комарци за оваа година. Акцент при прскањето ќе биде ставен на Пробиштип и Злетово, а ќе бидат опфатени и местата долж течението на Маричанска река, двете јаловишни депонии, патот кон с. Стрмош и сите поголеми населени места.“ – стои во соопштението од Општината.
Се известуваат граѓаните да го имаат предвид третирањето во овој временски период и да преземат заштитни превентивни мерки.
Ребека Спасова М-Нет