Богат фудбалски викенд на младинските категории на Брегалница на теренот во Бело Брдо

Фудбалскиот клуб Брегалница и теренот на Бело Брдо ќе бидат во центарот на фудбалските возбудувања во престојниот викенд. Според информациите од тренерот Дарко Митев во сабота и недела ќе се одиграат повеќе пријателски натпревари на скоро сите возрасни категории на младинските екипи на Брегалница. Во сабота на Брегалница ќе им се спротивстават младинските категории на Борец од Велес и тоа од возрасните категории од 2011 до 2015 година. Ова ќе биде убава можност за сите љубители на пионерско – младинските категории да уживаат во почетните мајстории на нашите најмлади фудбалери а натпреварите ќе се одиграат во сабота со почеток 14.30 часот. Фудбалскиот празник во Бело Брдо ќе продолжи и во недела кога од 9.00 часот ќе се сретнат селекциите на Брегалница и на Cool од Скопје со генерациите 2009/2010 и 2011/2012 година. Истиот ден во Штип ќе гостува и ФК Башкими со генерацијата 2007/2008 година и натпреварот со своите врсници од Брегалница ќе се одигра во 11.30 часот.

Драги Герасимов – Пушка Mnet.mk