
Нови пријатни моменти пристигнуваат од раководството на македонската боречка федерација на чие чело од неодамна е штипјанецот Дејан Богданов. Според најновите информации тренерот на БК „Балканец“ Бобан Данов е назначен за нов Селектор на Сениорската репрезентација на Македонија во борење, информација која утрово ни ја потврди и самиот Бобан Данов. Првиот ангажман новиот Селектор Бобан Данов ќе го има веќе од 1 – 7 октомври во главниот град на Норвешка, Осло каде што ќе се одржи Светското првенство во борење.


Наши сениорски преставници на ова Светско првенство, според информациите од Бобан Данов ќе бидат веќе докажаните Могамедгаџи Нуров кој настапува во категорија до 97 кг. и Владимир Егоров кој настапува во категорија до 57 кг. По подолга пауза македонското сениорско борење конечно ќе биде застапено на едно големо и квалитетно светско натпреварување. Честитки за новиот селектор Бобан Данов со надеж за враќање на борењето на некогашните скалила кога беше најтрофеен македонски спорт.
Драги Герасимов – Пушка Mnet.mk