Бобан Николов потпиша за Шериф Тираспол

Штип повторно се радува на успесите на Бобан Николов. Денес беше официјализиран трансферот на Николов од Лече во Шериф Тираспол од Молдавија. Инаку според официјалните податоци, Бобан Николов заминал од Лече без обештетување. Шериф Тираспол е на чекор од настап во групната фаза од Лигата на шампионите. Бобан Николов потекнува од младинските школи на ФК Брегалница од каде заминува во Академија Хаџи во Романија, потоа потпишува за ФК Виторул во Романија и во 2015 год. се враќа во Македонија и потпишува за ФК Вардар, во 2018 год. заминува за Унгарија и настапува за Видеотон и МОЛ Фехервар. Во јануари оваа година потпиша за Лече од Серија Б во Италија и реши да се пресели во Шериф Тираспол од Молдавија. Спортската редакција на МНет телевизија му посакува многу успеси во новиот клуб.