Близу 500 прегледи за три дена во ИМП Штип, 80% од пациентите биле со вирус и грип

Над 300 прегледи за време на викендот регистрирани во Итната медицинска помош во Штип. Од таму велат дека празничниот викенд поминал мирно, а граѓаните се воздржувале од прејадување за време на празниците или проблеми настанати заради промена на храната од посна на мрсна.

“Од 300 до 320 прегледи се регистрирани за време на викендот во брзата помош, а само од утринава се регистрирани 100. Пациентите пред сѐ имаат горнореспираторни болести, а 80% од нив помош побарале за настинка и грип. Имаме голем број на настинати деца кои побараа помош викендов. За разлика од грипот многу мал е процентот на пациенти кои дошле заради прејаденост проблеми настанти од храна“ – велат од брзата помош Штип.

Од таму апелираат граѓаните да внимаваат на своето здравје, бидејќи ова е период на грипови и настинки и многу лесно може да се заразат. Загадениот воздух влијае дополнително, па препорачуваат да избегнуваат долги прошетки на отворено. Истовремено, додваат дека доколку некое лице има симптоми на настинка и грип да не се меша со други лица, и доколку навистина има потреба да се побара лекарска помош.

Ситуацијата со полни амбуланти во Штип трае веќе неколку дена. Лекарите велат дека главни виновници се грипот и ковид вирусот, и постојано апелираат на зголеман претпазливост и внимателност од страна на граѓаните. Бидејќи вирусот и грипот брзо се шират стравуваат дека бројот на пациенти дополнително ќе расте.

Лаура Стојанова М-Нет