
Прволигашот Башкими по разделбата со тренерот Муарем Муарем веднаш назначи нов тренер – се работи за добро познато име, се враќа Блаже Јанакиевски, тренер кој го внесе Башкими по цели 17 години во Првата лига.
Раководството на клубот донесе одлука довербата одново да му ја даде на Јанакиевски, а младиот стратег доаѓа во добро позната средина, во средина каде претходно со голем успех работеше и направи големи резултати со клубот од Куманово.
Башкими е на 5. место на табелата со 19 бодови, а старо-новиот тренер го очекува деби на 8 ноември во мечот против Работнички.
Пред Јанакиевски сега ќе биде поинаков предизвикот, во однос на тој кога Башкими беше во Втора лига, околностите и работата, интензитетот во Првата лига е сосема поинаков, а Јанакиевски е подготвен за продолжува на успешната приказна од минатата сезона.
Александар Ванев, М-Нет