Moмче со ,,ауди“ излетало од пат во Делчево, маж се превртел со трактор во радовишко

20 годишно Moмче со адуи излетало од пат во Делчево, маж се превртел со трактор во радовишко. Констатирани тешки телесни повреди на возачите и еден сопатник

На 02.11.2025 во 19:11 часот во ОВР Делчево е пријавено дека на патот Делчево-с.Ѕвегор, делчевско, патничко возило „ауди а4“ со делчевски регистарски ознаки, управувано од М.А.(20) од с.Ѕвегор, излетало надвор од коловозот. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобиле возачот М.А. и 19-годишната сопатничка А.М. од с. Нов Истевник, делчевско, констатирани во Клиничката болница Штип. Извршен е увид од увидна екипа од ОВР Делчево.

Имено во истиот ден и во 11:20 часот во ОВР Радовиш, од Итната медицинска помош Радовиш е пријавено дека кај нив со тешки телесни повреди бил донесен И.А.(50) од с.Подареш, радовишко. Според пријавеното, управувајќи трактор на некатегоризиран пат во атар на с.Смиљанци, радовишко, изгубил контрола и се превртел со тракторот. Извршен бил увид од увидна екипа од ОВР Радовиш.