Битолчанец мака мачи со институциите за да си го види малолетното дете во Штип

Кога е во прашање детето секој збор е сувишен. Вака татко од Битола ја започна својата приказна во која раскажува како не може да си го види своето три годишено дете. По одлука на Судот тој има право неговата ќерка да ја видува за викенди. Вели доаѓа од Битола за Штип само да помине повеќе време со своето дете. Меѓутоа често пати и доаѓањето му е залудно бидејќи останува со празни раце, односно без да го види своето дете.

„Имам вонбрачно дете момичка овде во Штип и секој наизменичен викенд треба да ја земам, во понеделникот ми кажаа може да ја земеш и сега за средата па да ја вратиш во сабота. Институцијата воопшто не ми излегува во сусрет си поигруваат со мене. Одам во градинката, ме пракаат од социјалното, па ме враќаат назад за дозвола да го видам моето сопствено дете.“ – кажа Дејановиќ.

Тој е хуманитарец односно им помага на сите самохрани родители кои имаат потреба од облека храна и основни продукти за живот. Зарди тоа и грижата за неговото сопствено дете му е повеќе од важна. Вели не бара ништо освен редовно да ја видува својата ќерка, без никакви проблеми.

Која е причината поради која Дејановиќ не може да си ја види малолетната ќерка одговор побаравме и од Центарот за Социјални грижи Штип. Директорката Златка Иванова, истакна дека тие работат на подобрување на комуникацијата помеѓу таткото и мајката.

„ Има решение дека детето може да се видува за време на викендите. Меѓутоа господинот Дејановиќ во неколку наврати сакаше да го земе своето дете од градинка и во работни денови. Тоа може да се случи со претходен договор со мајката, а очигледно тие го немаат тој договор. Ние работиме на подобрување на комуникацијата помеѓу родителите. Јас сметам дека случајот не е за на медиуми, туку има надлежи институции каде истиот треба да биде решен“ – додаде Иванова.

Лаура Стојанова М-Нет