Две златни, две сребрени и три бронзени е учинокот на македонските борачи на Балканското првенство во Грција

Доцна синоќа заврши настапот на македонската експедиција во борење на Балканското првенство за пионери и Кадети што се одржа во градот Ксанти во Грција. Според информацијата од тренерот Бобан Данов, вчера се освоени уште 5 медали, две сребрени и три бронзени. Со сребрени медали се закитија Марија Цветанова и Стефани Николова, додека пак трети места и бронзени медали во своите категории освоија Ангела Трајкоска, Стојанче Стојков и Мехмед Усеинов. Колку за потсетување претходно со златни медали се закитија и балкански шампиони станаа Марија Спирковска и Теодор Георгиев.

Драги Герасимов – Пушка Mnet.mk