
Билијард клубот Штип успешно го заокружи четвртото издание на турнирот во билијард, кој на 4 октомври донесе повеќе од 15 часа квалитетен и возбудлив билијард, одлична атмосфера и вистински натпреварувачки дух.
Турнирот беше исполнет до последното место со 24 пријавени учесници, а натпреварите се одвиваа на високо и професионално ниво. Организаторите се особено задоволни од целокупната организација, атмосферата и квалитетот на играта, со што уште еднаш се потврди дека Штип може да биде одличен домаќин на вакви спортски настани.
Дане Крстевски стигна до највисокото место и го освои турнирот, додека Мики Тодоров заврши како второпласиран. Третото место го поделија Дине Дулев и Мајкл Хол.
Покрај борбата за пласман, турнирот беше исполнет со спортски дух, фер-плеј и позитивна енергија, а организаторите упатија честитки до победниците, но и до сите учесници кои со своите настапи придонесоа четвртото издание да помине на високо ниво.
Особено значајно е што на турнирот настапија играчи од повеќе градови во Македонија – Скопје, Струмица, Делчево, Велес, Прилеп и Виница, што е уште една потврда дека турнирот во Штип прераснува во препознатлив спортски настан и продолжува да расте.
Со одличната организација и големиот интерес, Билијард клуб Штип испрати уште една успешна спортска приказна, потврдувајќи дека Штип има капацитет и знаење да биде домаќин на квалитетни билијард натпревари.
Александар Ванев, М-Нет