Беџети: Потребна е консолидација за стабилизирање на државата

Оценување на макроекономските состојби и ризици, сочинување на фискалните политики и надгледување и надзор над фискалните правила се трите главни столба на фискалниот совет во државата. Макроекономската стбилност е предуслов за се, а потоа се јавуваат последиците од презадолжување. Надолна линија не е презицирана, но предвидено е да биде до 54%.

„Надолна линија не е прецизирано, но според нашите научни истражувања тоа се движи од 52 до 54% во однос на структурата и капацитетот на економијата на Македонија. И покрај тоа што формалната граница е 60%. Сега сме над 60%. И треба постепено да се консолидира и се движиме кон тоа.“ – вели Беџети.

Фискалниот совет дава свои насоки, извештаи, анализи со цел подобрување на моменталната ситуација во државата.

„Фискалниот совет дава насоки, извештаи, анализи. Сите тие се објавени на нашата веб страница, а насоките се дека треба да има постепена консолидација и да ја постигнеме фискалната конвергенција која е еден од условите за приближување кон Европска Унија.“ – вели Беџети.

Во државата каматните стапки се многу високи вели Беџети и тоа значи дека секојпат кога каматната стапка е над растот на реалниот бруто домашен производ тоа е погубно за економијата.

Лаура Стојанова Ќирчов, М-Нет