
Граѓаните во Штип денеска имаа можност бесплатно и анонимно да направат тестирање за хроничен хепатит Б,Ц, и ХИВ како и скриниг на црниот дроб. Ова е дел од најавената национална кампања од Министерството за здравтво која се реализра во осум градови во државата.
„Едното е тестирање за хроничен хепатит Б, Ц, и ХИВ, а другото е скрининг со најсовремен еластограф кој е единствен од ваков тип во нашата земја и ги очитува оштетувањата на црниот дроб повеќе видови на болести на црниот дроб. Ова е единствена можност за граѓаните во Штип да го откријат својот статус со една беспалтна анонимна акција.“ вели Мишковиќ.
Во последно време се почесто граѓаните имаа проблеми со црниот дроб па целта на денешната активност е да се превенира и реагира навремено. Во Штип бројките не се поразителни вели Мишковиќ, додавајќи дека најголем дел од граѓаните имаат проблеми со замастување на црниот дроб.
„Целта ни е да работиме повеќе на превентивата за во иднина бидејќи последните неколку години после ковидот се соочуваме со предизвикот на замастување на црниот дроб, а исто така овие болести да се откријат навремено и да се реагира“ – вели Мишковиќ.

Граѓаните на терен велат дека ваквите акции се добредојдени и дека треба да се организираат почесто.
На светско ниво резултатите покажуваат дека повќе од 850 илјади луѓе имаат црнодробен карцином, со што оваа болест се искачина високото трето место место по смртност во светот, а бројките не се за потценување ниту во државата. Во периодот кој следи ќе се посетат и Струмица, Скопје и Куманово.
Лаура Стојанова М-Нет