
За 65 % покачена цената за водни услуги за оризарите во кочанскиот регион. Велат дека ем услуга не добиваат ем сега треба да плаќаат за речиси 70% повеќе. На вакавата одлука децидни се дека ќе реагираат со нови протести.
Зголемена е цената на водни услуги и за земјоделците во овчеполско. Според нивните пресметки за 10 хектари луцерка ќе треба да платат 1200 евра повеќе споредбено со претходно.
„Ако еден земјоделец кој одгледувал 10 хектари луцерка досега плаќал 61 156 денари за наводнување, сега со новата давачка покапување плус годишен надомест ќе треба да плаќа 138 илјади денари. Тоа е за 1250 евра повеќе пари за она кое не го добивате како услуга“
Со ваквите зголемувања на водната услуга како и на давачката за одржување под знак прашалник е како че успеат да платат се и на крај да може да егзистираат од земјоделство.
„Ни воведоа сега плус давачка за одржување, досега плаќавме само наводнување, сега плус давачка за одржување. Дополнително се зголеми и цената на водата, а ние вода имавме само два дена. Не знам со што ќе ги платиме овие давачки“
Од водостопанската подружница Брегалница Кочани велат дека се покачување има ама бараат разбирање од страна на земјоделците оти како што велат во изминатиот период е покачено се останато, а оваа цена не е корегирана во последните 20 години.
Лаура Стојанова М-Нет