Бесплатна проверка на шеќер во крвта денес нудеа студентите при УГД Штип, целта е подигање на свеста за ризикот од дијабет

Бесплатна проверка на шеќер во крвата денес нудеа студентите од факултетот за медицински науки при УГД Штип. Целта е да се подигне свеста за ризикот од дијабетот, бидејќи е едно од најчестите хронични заболувања. Ангела Радева една од студентките вели дека денес акцијата се спроведува на две локации во градот., како во градскиот трговски центар и сити мол Штип.

„Денес по повод светскиот ден на дијабетот, ние како студенти на факултетот за медицински науки, а воедно и членови на студентската организација, спромедуваме граѓанска акција, каде на случајни мнувачи мериме гликемија, ги едуцираме и даваме совети во врска со дијабетот. Нашата цел е со оваа граѓанска акција подигањ на свеста за ризикот од дијабетот. Како што знаеме тоа е едно од најчестите хронични заболувања, кое зема замав во денешницата.“, истакна Радева

За граѓаните ваквата организација е многу добра, бидејќи како што истакнаа навиките за да се набљудува ризикот од ваквото заболување, се многу ретки.

Инаку континуирано секоја година се одбележува овој светскиот ден, кој дава можност да се подигне свеста за дијабетот како глобално јавно здравствен проблем и економска закана. Идејата на ваквите цели е да се покаже што треба да се направи, колективно и индивидуално, за подобра превенција, дијагноза и управување со состојбата.

Лаура Стојанова, М-Нет