
Есенскиот шампион Беса одигра пријателски натпревар со Тетекс и истиот го доби со резултат од 2:4.
Стрелци за екипата предводена од Александар Таневски беа Малиќ Белули, Арменд Алими, Октај Ракипи и Филип Алексовски.
Во среда екипата на Беса заминува на подготовки во Анталија каде ќе ја одработи втората фаза од зимските подготовки и ќе одигра неколку пријателски натпревари преку кои ќе ја темпира формата за пролетниот дел од Втората македонска фудбалска лига.
Александар Ванев, М-Нет