Беса против Брера во дерби за опстанок, дерби на Работнички со Силекс, Вардар против Шкупи

ФОТО: Александар Ванев, М Нет телевизија

Во недела ќе бидат одиграни натпреварите од 30. коло на Првата македонска фудбалска лгиа со што пополека влегува во самата завршница од сезоната, а која ќе се доигра со една екипа помалку, откако Воска Спорт од Охрид се откажа од понатамошно натпреварување, па тимот автоматски оди во најнизок ранг на натпреварување.

Дерби за опстанок ќе играа Беса и Брера Струмица, директно дерби за опстанок во елитата на две екипи кои водат тешка борба за опстанок, а трите бодови ќе бидат императив во Гостивар и на едните и на другите. Актуелниот шампион Струга на домашен терен ќе го пречека лидерот Шкендија од Тетово, каде гостинот ќе сака три бодови за да биде чекор поблиску до титулата.

На Чаир соочување на Шкупи и Вардар. Екипата на Гоце Седлоски е во одлична форма, а против Шкупи кој е во резултатска криза и нема триумф на последните пет меча ќе бара нова победа и со тоа Вардар сезоната да ја заврши на шестото место, а секако фокусот е на финалето од Купот против Струга каде Вардар ќе сака да ја освои Куп-титулата и да обезбеди излез во Европа.

Дерби на Работнички и Силекс, дерби на третиот и вториот на табелата. „Романтичарите“ се сигурни на третото место и имаа билет за Европа, а пак Силекс кој има четири бодови негатива и натаму се надева на титула и затоа против Работнички нема право на грешка.

Гостивар на домашен терен ќе игра против Пелистер, а победата ја посакуваат и едните и другите.

Во рамки на ова коло слободна ќе биде екипата на Тиквеш, која требаше да гостува во Охрид кај Воска Спорт.

Александар Ванев, М-Нет