
Беласица на контролен натпревар ја декласираше Каменица Саса со убедливи 4:0, натпревар кој се одигра во Струмица.
Стрелец на првиот гол беше новото засилување Дино Михлов, а потоа стрелаа и Коцев, новото засилување Никола Талески и искусниот Сулев.
Следен тест за Беласица ќе биде против штипскиот прволигаш Брегалница.
Беласица презими на 9. место со 20 бодови и во пролетниот дел ќе се бори за што подобар пласман, а пак Саса презими на дното со само осум бодови и во пролетниот дел ја очекува повеќе од тешка борба кога е во прашање опстанокот во Втората лига.
Александар Ванев, М-Нет