Вакцините против сезонски грип пристигнаа во Македонија, се чека дистрибуција и почетокот на вакцинацијата

Вакцините против сезонски грип се пристигнати во земјава, а се очекува наскоро да почне и вакцинацијата, информираше министерот за здравство Сашо Клековски од денешната посета во КБ Штип. Тој потенцраше дека техничките проблеми околку аликацијата се разрешуваат и истата ќе биде наскоро активна. Јавно се извини до граѓаните за доцнењето во однос на најавеното.

-Апликацијата се разрешува од последните технички проблеми. Знаете дека 18 месеци „Мој термин“ нема договор за одржување. Се разрешуваат тие и ќе биде активна. Се извинувам на граѓаните дека доцниме еден ден во однос на најавеното, меѓутоа вакцините се пристигнати и пријавувањето ќе започне час поскоро-изјави Клековски.

Кога е во прашање кога ќе биде дистрибуцијата на вакцините против сезонски грип до Центрите за јавно здравје, Клековски одговори деновиве истата треба да се реализира.

-Веќе се информирани Центрите за јавно здравје. Мислам дека овие денови се завршуваат логистиките, ќе бидат дистрибуирани спрема вообичаената формула на дистрибуција-изјави Клековски кој ја посети Клиничка болница-Штип.

Иван Митев, М-Нет