
Во рамките на 15. коло од Втората лига – Исток, Беласица ја продолжи успешната серија и на свој терен ја совлада Преспа од Ресен со 3-1.
Струмичани од самиот старт го контролираа ритамот на натпреварот, а капитенот Александар Милушев ја предводеше офанзивата со две прецизни реализации – една по одлично вметнување во шеснаесетникот и една од пенал. Сигурен реализатор беше и Стефан Сулев, кој го постави конечниот резултат и донесе мир во редовите на домаќините.
Гостите од Ресен успеаја да намалат преку Пеце Наумовски, но тоа беше недоволно за да се заканат на крајниот исход.
Беласица со оваа победа ја комплетира календарската 2025 година во силен ритам и на големо најавува амбиции за влез во Првата лига напролет. За Преспа, пак, следи бурна и неизвесна пролетна полусезона, во која главниот предизвик ќе биде – да се обезбеди опстанокот во второлигашката конкуренција.
Александар Ванев, М-Нет