Без присуство на еден од кандидатите се потпиша кодексот за фер избори во Штип

Денеска се потпиша кодексот за фер и демократски избори и во Општина Штип. На потпишувањето на кодексот не присуствувваше кандидатот за градоначалник од редовите на ИНТЕГРА, Симон Поликарп. Кодексот се потпиша од страна на кандидатите за градоначалници од СДСМ, ВМРО ДПМНЕ И ЛДП – ДОМ. Овој кодекс се потпишува секоја година, а претседателот на ОИК, Виктор Вацев истакна дека Поликарп дополнително треба да го потпиша овој кодекс.

„Кодексот за фер и демократски избори го потпишуваме секоја година, бидејќи политичката кампања треба да биде фер, демократска и во духот на демократските принципи“ – истакна Вацев.

И кандидатите за градоначалници меѓусебе си посакаа фер и демократски избори, а граѓаните да одлучат што е најдобро за нивниот град. Истовремено сите истакнаа дека ќе се придржуваат до кодексот за изборната кампања да биде фер и демократска.

Од ОИК дополнително додадо дека се е подготвено за почеток на изборната кампања од понеделник, а истовремено од тогаш започнуваат и обуките за избирачките одбори.

Лаура Стојанова М-Нет