Без положување на крстот во речните води се празнуваше водици во Каменица

Православните верници денеска го слават празникот Богојавление кој се одбележува уште од вториот век. На овој ден, според христијанското предание, Свети Јован Крстител го крстил Исус Христос во реката Јордан. Празникот се нарекува уште и Водици поради големиот водосвет што го извршува црквата на овој ден. Годинава за првпат, поради пандемијата со Ковид-19, ќе биде прекината вековната традиција на положување на крстот во светите води. Наместо тоа, овој голем христијански празник, според најавите, ќе биде одбележан со свети литургии во црквите и нивните дворови.

Со  положувањето светиот крст, а оној кој ќе го фати, се верува дека ќе го следи среќа и благослов цела година. Фаќањето на крстот значи соединување на човекот со Христа, а се верува дека со положувањето на крстот, водите стануваат лековити. Овој чин се организираше години наназад.

Да се надминат предизвиците и остварувањето на заедничките цели за подобро и попросперитетно општество за сите. Со продолжување да се негува човекољубието, универзалните вредности на хуманост, мир и слога.

Според актуелните услови на пандемијата, славењето на Христовото крштевање се одвива во кругот на најблиските, без извршување на Богојавленскиот водосвет. Чинот на фрлање на светиот крст, да го разбереме како влог во нашето лично здравје и здравјето на нашите најблиски. Бог се јави! Навистина се јави! За многу години!