Денес православните христијани го празнуваат големиот христијански празник Водици или Богојавление. Свети Јован кој бил наречен претходник. Го крстил Исус Христос во реката Јордан. Крштевањето значи и духовно раѓање. Господ преку своите пророци, го најавуваше Христовото крштевање, го најавуваше и анѓелот што ќе оде пред него и ќе вели: „Покајте се зашто се приближи Царството небесно. Исправете ги патеките Господови и следете го оној што ќе дојде“. Токму тоа е Свети Јован.
„Им го проповедаше на луѓето поканието, а Христос всушност ќе дојде како мирен, покоен слуга. Како сиромав кој ќе ги спаси луѓето од духовното ропство.“ Изјави , свештеник Јанев
Традиоцијата налага на денешен ден да се положи крстот во водите, во реките. Да се осветат и езерата. Но, за жал поради глчобалната пандемија Ковид-19. Светата православна црква реши оваа годинада нема литие, ниту положување на Светиот крст во водите и реките.
„Апелираме до нашите христијани и знаеме дека тие се верни. Да ги почитуваат мерките кои се предложени од здраствените работници. И да се почитува социјалната дистанца“. Изјави, свештеник Јанев.
Се радуваме на неговото раѓање. Верата без дела претставува фантазија, затоа овие две работи се споени една со друга. Бог не научи да сакаме, да почитуваме, да жалиме со оние кои жалат. Да им помогнеме на оние кои неможат. Да се радуваме со оние кои се радуваат.
Бог се јави!Нека е за многу години празникот!
Надица Стојковска/ М Нет
Игор Зиврев/ М Нет