
Без денар субвенција останува сточарот Александар Мачевски од Робово поради само едно теле. Иако го заклал во касапница, телето било тешко 150 килограми, наместо бараните 250. Поради тоа, Мачевски вели дека е одбиен за субвенции за сите 40 крави, односно останал без околу 8.400 евра државна помош. Вели дека не е единствен со ваков проблем – и други негови колеги сточари од овој регион се жалат дека останале без субвенции поради истиот услов.
,,Нашата ситуација е многу лоша, јас сум одбиен за субвенции за говеда – за крави 40 грла. Испаѓа по субвенцијата што ја дава владата, значи 8400 евра се ме одбиле. Причините се дека не сум заклал теле во касапница. Јас теле сум заклал во каспаница, ама пак килажата требало да биде над 250 килограми телото. Телото ми е осум месеци, заколено во каспаница и килажата запишана 150 килограми и од државата ме одбија само заради таа причината. Тоа е жално и срамота. Не само јас и многу други колеги и сточари и за одгледувачи на овци, за едно јагне се одбиени. За 2025 немам субвенции за кравите.“, вели Мачевски
По осум години работа, плаќање фирма и вложување во сточарството, Александар Мачевски вели дека е принуден да се откаже и да замине од Македонија. Ако не ги добие субвенциите, најавува дека за само еден месец ќе го распродава имотот и ќе бара иднина во странство.
,,Осум години фирма плаќам и сега сум приноден се да продадам и да бегам. Родител сум на четири деца. Имав идеја да останам во Македонија да работам, али државата не функционира. Катастрофа. Aко не пуштат субвенциите, јас за месец дена се продавам и ќе бегам странство. И не само јас, туку и други мои колеги.“, додава Мачевски
За Мачевски, без субвенциите нема како да продолжи. Вели дека ако парите не стигнат, ќе мора да ги продаде кравите, да ја затвори фармата и да замине со семејството во странство.
Иван Митев, М-Нет