БВК Коњаре го враќа Гзим Бакиу – искусното име повторно во сино-белиот дрес

Третолигашот БВК Коњаре продолжува со засилување на ростерот за продолжението од сезоната, а најново име во тимот е Гзим Бакиу, кој повторно ќе го носи дресот на клубот.

Бакиу не е непознат за навивачите и за средината во Коњаре, бидејќи веќе бил дел од екипата и добро ги познава и играчите и амбициите на клубот. Од раководството истакнуваат дека тој се враќа поискусен и подготвен да придонесе со својот квалитет и борбеност.

Во клубот очекуваат неговото присуство да донесе дополнителна стабилност и енергија во тимот, особено во важниот период од првенството, кога секој бод е значаен во борбата за подобар пласман.

Со враќањето на Бакиу, БВК Коњаре испраќа јасна порака дека сериозно пристапува кон вториот дел од сезоната дека е еден од најсериозните кандидати за баражот за Втора лига.