
Прволигашот Башкими е меѓу најактивните на трансфер пазарот со промоција на нови играчи, а најново име е Абдулхади Јахја, кој доаѓа од редовите на Воска Спорт, а претходно беше дел од Еуромилк, Струга, Вардар и Шкупи.
Јахја го засилува офанзивниот дел од теренот, се работи за крилен играч со брзина и техника со што треба да биде вистинско освежување и засилување во редовите на Башкими.
Шампионот Шкендија за новата сезона во ПМФЛ го врати Арбин Зејнулаи, се работи за играч кој во Тетово доаѓа од редовите на албанска Егнатиа, а претходно беше дел од Работнички и хрватска Локомотива. Шкендија со повратникот Зејнулаи го засилува средниот ред.
ФИФА му ја тргна блокадата на Шкупи и со тоа македонскиот прволигаш ќе може да регистрира нови играчи. Тоа значи дека во иднина Шкупи ќе може да регистрира нови играчи за новата сезона, а ова е одлична вест за сите навивачи на Шкупи со што клубот сега ќе може да донесе нови засилувања за новата сезона во ПМФЛ која започнува на 8 август.
Александар Ванев, М-Нет