Башкими до триумф, реми во Гевгелија, високи победи за Охрид и Беласица

Фото: Каменица Саса

Кожуф и Победа на дербито во Гевгелија одиграа нерешено ремизирајќи без погодоци (0:0) со што и двете екипи мораа да се задоволат со поделба на бодовите.

Кожуф никако да се врати на победничките патеки, откако последен пат триумф забележа на 16. септември, од друга страна Победа е далеку од конкуретен тим за висок пласман, па ремито ги остави прилепчани на средината од табелата односно на 9. место со 12 бодови на своето конто.

Беласица забележа нов откако со 2:4 триумфираше над Каменица Саса која го впиша својот петти сезонски пораз и останува претпоследна на табелата со 6 бодови на своето конто. Новиот тренер на „рударите“ Горан Гоцевски тргна со пораз како кормилар на Саса, а пак Беласица со втор триумф во низа прави прогрес до 7. место на табелата.

Натпреварот во Македонска Каменица беше атрактивен од аспект на погодоци, а првите 15 минути беа возбудливи за гледачите кои имаа можност да проследат три брзи гола. Александар Милушев во 7. минута погоди за 0:1 и водство на струмичани, а по две минути Васко Глигоров погоди за 1:1. Не требаше многу за Беласица преку Тони Мичковски да дојде до ново водство од 1:2, откако погоди во 15. минута.

Во судиското надополнување Александар Коцев од пенал зголеми на 1:3, откако претходно Ален Миленковски заработи директен црвен картон поради неспортско однесување, спречување на очигледна шанса за гол.

На стартот од вториот дел Коцев со втор гол зголеми на 1:4, а во 63. минута Сашо Дуков намали на конечни 2:4.

Охрид продолжува со победничката серија откако со 1:3 забележа нов триумф над Новаци на гостински терен. Наумче Карачески уште во 6. минута го отвори противникот за водство од 0:1, а домаќинот преку Иве Трифуновски израмни брзо веќе во 17. минута и се врати во егал борба за трите бодови.

Во вториот дел неизвесноста и борбата продолжи, а Аљтин Лога во 66. минута постигна гол за ново водство на Охрид од 1:2. Гостинот сака и нов гол со цел да стави печат на уште една победа во низа, а тоа се случи во 83. минута кога Емил Скоко погоди за конечи 1:3.

Башкими забележа нов триумф откако со 1:2 го доби дуелот со Караорман во Струга. Домашниот тим уште во 7. минута погоди за водство од 1:0 со голот на капитенот Ивица Ќелешоски, но сепак радоста за домаќините траеше само две минути откако Бурхан Алији постигна гол за 1:1, резултат со кој се замина и на полувреме.

Во вториот дел и двете екипи посакуваа гол за ново водство и освојување на трите бодови. Караорман имаше притисок со цел да може конечно да победи и да ја израдува домашната публика, а со тоа и да излезе од дното на табелата, сепак, во 71. минута Хебиб Саити погоди за конечни 1:2 и триумф за Башкими.